Како се нашол лешот на ајкула среде шума?

popara9 август, 20111min00
ајк

Во околната шума во градот Милтон, САД, пред извесно време бил пронајден леш на ајкула. Но овој случај го прави многу чуден, фактот што најблиската солена вода е на оддалеченост од 100 км.

Нормално е некој да бил на риболов и одлучил да го фрли лешот во шумата, но некои сметаат дека случајот е малку покомплициран, бидејќи немало никакви траги од возило, или пак дека лешот бил влечен по земја.

Областа каде што е пронајден лешот е познато како место кое често го посетуваат НЛО. А особено е интересен фактот што последниот пријавен случај  на НЛО се поклопува со времето кога наводно е донесен лешот во шумата.

Сега се поставува прашањето дали навистина лешот е донесен од страна на НЛО, кој претходно сакал да направи некаков експеримент врз ајкулата, и зошто токму ајкулата им била во интерес, а не некое друго морско животно.

Службено објаснување се уште не постои, но полицијата сепак смета дека се работи за криволовци кои одлучиле да го фрлат лешот.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma