Како секојдневно да пиете повеќе вода

22 јуни, 20110
drinking-water

Човечкото тело се состои главно од вода, и затоа е толку важно да ја пиеме секој ден. Меѓутоа, не секој ужива во дружењето со оваа течност која значи живот. Затоа, направивме листа од осум идеи како да внесете повеќе вода во секојдневниот живот и да ги задоволите потребите на организмот.

За ручек јадете супа

Супите и чорбите се состојат од многу вода. Постојат супи во кесичка за една порција, кои само треба да ги измешате со врела вода во шолја за чај. Освен што ќе внесете течност, исто така ќе го наградите телото со потребните минерали што тоа ги исфрла со прекумерното потење на високи температури.

Пијте обезмастено млеко

Можеби ќе биде потребно малку привикнување, бидејќо обезмастеното млеко е многу послабо од полномасното. Меѓутоа, обезмастеното млеко прави да се чувствувате помалку сити, па можеби ќе пиете повеќе. Кравјото млеко содржи околу 85% вода. Тоа значи дека во исто време ќе добиете и вода и хранливи материи!

Кога пиете користете сламка

Истражувањата покажуваат дека пиењето течности со сламка не мами да пиеме многу повеќе отколку што би пиеле кога користиме чаша. Голтките се поголеми, а голтаме помалку воздух, така што на крајот не само што пиеме повеќе вода, туку пиеме и побрзо.

Пијте ладна вода или додадете мраз

Ладната вода подобро се апсорбира во телото. Телото нема потреба да ја загрее млаката вода која сте ја испиле, па таа побрзо поминува низ бешиката. Пиењето литар вода и трчањето до тоалет на секој час значи дека ефикасно го чистите вашиот организам, но покажува и дека вашето тело не аспорбира онолку колку што му е потребно. Помалите количини вода кои ги пиете обично имаат подобар ефект од налевањето со вода.

Вода со вкус, без шеќер

За оние кои не можат да пијат обична вода, во шише со вода додадете малку сок од лимон или портокал, неколку капки домашен сок или зелен чај. Одберете вкусови кои не содржат многу шеќер, со цел тоа што го пиете да биде здраво.

Додадете парче лимон

Лимонот помага ќелиите да апсорбираат повеќе течности. Лажица сок од лимон во чаша вода помага во чистење на бубрезите.

Јадете овошје и зеленчук

Агрумите содржат многу вода, а од зеленчукот тука се тиквичките, краставиците и доматите. Доколку сте во можност, изедете барем една чинија исечкани парчиња од ова овошје и зеленчук, бидејќи така ќе внесете многу вода.

 

Ограничете ја количината на кафе

Кофеинот предизвикува прекумерно мокрење, поради кое телото може многу бргу да дехидрира. Доколку морате, чајот е малку поздрава опција.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi