Каков маж и треба на модерната жена

20 јули, 20110
kakov maz i treba na modernata zena

Мажот кој им се допаѓа на денешните жени е способен да ја контролира секоја ситуација, знае да го распореди своето време, а најиритантни се арогантните типови со држење “знаш ли ти кој сум јас”. Меѓутоа во денешно време ништо не може да импресионира како личност која е подготвена целосно да се посвети на друг.

Како што мажите потсвесно бираат жена чија линија го истакнува струкот во однос на градите и колковите, така жените потсвесно бираат мажи кои се добро воспитани, за кои сметаат дека ќе бидат подобри татковци на нивните деца. Мачо мажите се интересни за девојчиња кои фантазираат, но растејќи девојчињата учат дека овие мажи можат да бидат многу непријатни и безобразни.

“Благодарам” и “Повели” се подразбираат. Доцнењето воопшто не е пожелно и не прави да изгледате важни или зафатен, туку непристојни. Особено иритира пишувањето пораки во женско друштво. Можеби мислите дека така изгледате баран и популарен, но вистината е дека другите мислат дека сте личност која не може да се организира и е непристојна. Тоа остава впечаток дека не ја сметате за важна  жената која е со вас.

Почитувањето на постарите и неопходно. Без разлика дали се работи за познати или непознати. Да го понудите своето место во автобус на постар човек, таа ќе го доживее како да сте и го понудиле неа. Истотака бидете фини и со деца.

Многу мажи сметаат дека еманципираните жени изгубиле желба мажите да ги третираат како дами. Но, тоа е начин да ја покажета својата почит кон неа. Придржете и ја вратата, без правење преголема драма од тоа, бакнување на рака и сл. Кога и го придржувате капутот внимавајте вистински да и помогнете, а не само половично и неспретно. Вистинската вештина е во тоа да ги знаете границите на добриот вкус.

Шармерите едноставно не можат да оддолеат и ќе ја заведуваат секоја жена во просторијата и ако мислите дека сте еден од нив обидете се да не сте толку транспарентни. Шармот не треба да биде перформанс. Заведувајте ја само жената во чие друштво сте. Таа мора да види дека е посебна за вас. Намлете со комплиментите за нејзината пријателка, сестра, мајка…

Жените повќе сакаат да зборуваат. Тоа може разговорот да го направи напнат бидејќи мажите сакаат размена на информации, а жените од секоја реченица ќе го исцедат скриеното значење. Би било убаво да покажете дека навистина слушате и да покажете доза на одобрување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *