Еден млад австралијанец ја добил главната премија на лотарија во ист ден како и неговиот татко.
Како што пренесуваат австралиските медиуми, таткото и синот заедно совоиле 195.000 долари, а инаку и двајцата ги заокружувале бројките според датумите на раѓање на членовите на семејството.
“Штом дознав дека добив на лотарија, се сетив дека и татко ми секогаш ги игра истите броеви. Кога му се јавив тој се уште не знаеше дека добил. Му ги соопштив добрите вести токму на Божиќ”, изјавил среќниот добитник.
На прашањето што ќе прави со парите, младиот австралијанец изјавил дека дел од нив ќе ги потроши за венчавката која треба да се случи во јануари и за свадбено патување.