Каква кралска венчавка? Оваа на ќерката на формула I шефот е далеку појака!!!

popara16 август, 20111min00
petra-ekleston-498

Помладата ќерка на британскиот милијардер Берни Еклстон, Петра, ќе се мажи кон крајот на август на церемонија која според сознанијата на светските медиуми ќе биде поексклузивна дури и од неодамнешната венчавка на принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.

Според Радар Онлајн, 22-годишната плавуша која од неодамна е сопственичка на најголемиот имот во округот Лос Анџелес, судбоносното “да” ќе го изговори на својот вереник Џејмс Стант во стариот дворец Одескалки кој се наоѓа близу Рим, во кој порано се имаат венчано Мартин Скорсезе и Изабела Роселини.

Поканите за тридневната прослава на која ќе пеат Блек Ајд Пис се веќе испратени и тоа во позлатени кутии со миризливи свеќи. Меѓу поканетите триста гости ќе се најдат и многу амерички џет сетери како Парис и Ники Хилтон, пренесуваат британските медиуми.

После венчавката, младата невеста планира да направи раскошна журка во својата нова куќа во Беверли Хилс, која порано му припаѓаше на славниот продуцент и режисер Арон Спелинг. За да се релаксира пред овој голем и важен за неа настан, Петра две недели крстарела по медитеранот,  а веќе следната недела патува во Италија каде треба да ги финишира подготовките за луксузната свадба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag