Промени во кујната од кои ќе ослабнете

16 август, 20110
Promeni kujna

 

Воведете ги овие седум промени, и килограмите полесно ќе исчезнат. Тоа се мали промени, а резултатите се постојани и исклучително добри.

Овошје под рака
Во кујната мора да има овошје. Уште подобро ако измиено и подготвено за јадење ве чека во фрижидер.

Салатата треба да бидат подготвена
Имајте секогаш готова чинија салата бидејќи ноќе обично немаме сила за правење салати. Затоа, добро е да ја подготвите пред да ви затреба.

Нездравите грицки не смее да се во кујна, но ако ги купите, тогаш препакувајте ги
Ако веќе морате нешто да грицкате, подгответе пуканки во маслиново масло или несолени кикирики со лушпа. Ако пак сте купиле овакви грицки, препакувајте ги во помали кеси со што во моментот на криза ќе имате помало пакување.

Замрзнат зеленчук и овошје
При купувањето на зеленчук и овошје, купете поголема количина и замрзнете го вишокот. Така секогаш ќе ви бидат при рака за подготовка на здрави оброци.

Гответе големи количини
Ако немате навика за готвење секој ден, тогаш гответе двојно поголеми количини. Така секој втор ден ќе имате готов и здрав оброк, и нема да мора да порачувате брза храна.

Не ставајте премногу храна на масата
Не го ставајте на маса целиот оброк. Вишокот ставете го во посебни садови па во фрижидер.

Купете помали чинии и поголем прибор за јадење
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат од помалите чинии или со поголем прибор за јадење (но само кога се гладни) брзо го губат вишокот тежина.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma