Какви костими за капење ги привлекуваат мажите

popara22 јули, 20111min00
naslovnnahm_wateraid_2011

Изберете го  моделот кој најдобро ви прилега и уживајте во летото!

Сезоната на костими за капење е многу стресен период за секоја жена која се обидува да го пронајде соодветниот модел кој ќе биде во тренд, а истовремено ќе одговара на нејзината градба, ќе ги прикрие недостатоците и ќе ги нагласи атрибутите. Но она што е интересно е дека и мажите размислуваат за костимите кои ги носиме. Затоа издвојуваме три модели, па ако сеуште не сте избрале костим за ова лето, проверете во што ќе привлечете најмногу внимание на плажа.

Едноделен костим

Тешко дека некогаш ќе ги засени бикините, но е доста добар модел. Ја нагласува женственоста и ги прикрива сите недостатоци на телото, а поради гламурозниот изглед и скриените предности кои ја предизвикуваат фантазијата, го сакаат и претставниците од посилниот пол. Дури 65% од мажите сакаат да гледаат жени во едноделен костим, додека пак 34% повеќе би сакале да гледаат што повеќе женска кожа.

Маана му е што треба повеќе време за да исуши, но е идеален за дами кои знаат дека не се совршени.

Бикини

Ова е дефинитивно најпопуларниот костим за капење на пазарот. Не излегува од мода, па секоја припадничка на поубавиот пол треба да има најмалку еден пар таков модел. Истражувањето покажа дека дури 74% од мажите сакаат бикини и неговите минимални триаголници, што повеќе ги откриваат отколку што ги покриваат женските гради, а 26% од нив се изјасниле дека главен недостаток на бикините е што многу малку остава на фантазијата, бидејќи открива речиси сè.

Жените го сакаат затоа што брзо се суши, изгледа атрактивно и одлично се комбинира и со спортски и со гламурозен изглед.

Монокини

Монокини е едноделен костим за капење што потсетува на бикини. Го носат зависничките од мода и самоуверени жени кои сакаат да бидат забележани. Но на мажите воопшто не им е јасен овој модел. Само 22% од нив сакаат кога девојката носи монокини, додека пак 78% не разбираат зошто наместо овој чуден костим жените не облекле бикини.

Монокини е одличен избор за луда забава на плажа или за пиење коктели во ладовина под голем шешир, во стилот на холивудските ѕвезди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag