Камерон Дијаз е прогласена за актерка на годината, соопштија организаторите на фестивалот “ Sinemakon”. Наградата ќе и биде врачена во текот на фестивалот кој ќе трае од 28 до 31 март во Лас Вегас.
Откако дебитираше во филмот “Mask” Камерон не престана да го привлекува вниманието со нејзиниот шарм и смисла за хумор, изјави директорот на фестивалот Мич Њухаузер.
Новата улога на Камерон во филмот “Bad Teacher” во кој глуми заедно со Џастин Тимберлејк ќе може да ја видиме по 24 јуни, кога е закажана и светската премиера на филмот.