Капина – ризница на здравјето

27 јуни, 20110
summer delight

Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат капините, кои не се само вкусни туку поади својот состав имаат благотворно дејство при многу здравствени проблеми.

Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалд, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај. Овој чај помага за снижување на крвниот притисок, а помага и кај парадентоза.

Младите фиданки и листовите на капината, заедно со фиданките на копривите, јглика и шумски јагоди го прават познатиот пролетен чај, кој служи за прочистување на крвта. Смесата од листови капина со мед и прополис отвара апетит и го лечи желудникот.

Ккао останатото темно овошје, како боровинките и грзјето, капините содржат биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на слободни радикали. Ја зголемуваат апсорбцијата на витамин Ц и помагаат за зачувување на колагенот.

Вино од капини против анемија

Уште од дамнина се познати лековитите својства на виното од капини, кое е богато со витамини и минерали и има висока хранлива вредност. Особено е делотворно во борбата со анемија, која настанаува поради недостаток на железо во крвта. Се препорачува извесен период да се зема децилитар вино од капини дневно, пола час пред јадење. Тоа би требало да се прави барем еден месец за да се покажат резултатите.

Виното од капини освен железо и други минерали, содржи и големи количини витамин Ц и Б, голна киселина и пектин. Освен кај анемијата, виното од капини делува и кај проблемите со варење, циркулација, регулација на притисок, исцрпеност, го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот. Исто така позитивно влијае и во борбата со одредени кожни болести.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *