Кардио диета

popara30 мај, 20111min00
kardio dieta

Оваа диета пред се е наменета за оние кои имаат некакви проблеми со срцето. Заради добрите резултати и отсуство на несакани последици, се почесто ја практикуваат и здрави личности. По оваа диета нема да имате никакви загрозувања на вашето здравје.

Диетата трае 15 дена и се предвидува за тоа време да се ослабе 15 килограми. Но, за да биде ефикасна потребно е прописно да се придржувате до распоредот. Оние кои имаат проблеми од поголема количина на јајца, треба да се консултираат со доктор пред да започнат да ја применуваат диетата.

Доручекот е ист во текот на 15-те дена. Секое утро за доручек јадете овошје по избор: портокал, круша, праска, лубеница. Половина час по доручекот изедете парче двопек и испијте шоља кафе или чај, исклучиво без шеќер. Доручекот и меѓу оброкот секогаш треба да ви биде овошје.

ПРВ ДЕН.

Ручек: Портокал, варено јајце, кисело млеко

Вечера: два домати, варени јајца, два двопека и половина главица салата или една краставица.

ВТОР ДЕН.

Ручек: портокал, варено јајце и едно кисело млеко

Вечера: 125 гр мелено јунешко месо, домат, портокал, шоља кафе и двопек

ТРЕТ ДЕН.

Ручек: портокал, варено јајце, едно кисело млеко, една главица салата или краставица.

Вечера: 125 гр мелено варено јунешко месо, портокал, шоља кафе или чај, парче двопек.

ЧЕТВРТИ ДЕН.

Ручек: 125 гр кравјо сирење, еден домат, парче двопек.

Вечера: 125 гр мелено варено јунешко месо, два домата, една јаболка, парче двопек.

ПЕТТИ ДЕН.

Ручек: 200 гр варено месо или риба, еден портокал, парче двопек.

Вечера: 250 гр варен зеленчук (морков, грашок, компир), едно варено јајце, еден домат.

Напомена: Месото и зеленчукот зачинете ги со вегета. Шестиот и седмиот ден се без диета. Важно е за време на диетата да не пиете алкохол. После 5-те дена се губат 2,5 килограми. После два дена диетата се повторува. Се применуваат три циклуси по пет дена, со дводневна пауза. Би требало без проблем да се изгубат 15 килограми. По завршување на диетата , за да ја задржите постигнатата килажа треба да практикувате неколку правила секој понеделник.

Доручек: чаша сок од лимон без шеќер

Ручек: јаболка, двопек.

Вечера: јајце и домат.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag