Карипската брана

6 септември, 20110
naslovna-karibska brana

Најголемата брана во долината на Африка – Карипската брана

Многу години наназад постои ново езеро на границата помеѓу Родезија (Зимбабве) и Замбија, а името го добило по англиската кралица Елизабет Втора. Со својата должина од 280 км,ширина до 32км и површина од преку 3000км2, на секој начин може да се мери со ,,старите,, езера на Африка.

А сепак тоа е само едно ,,акумулационо,, езеро,најголемо на афричкиот континент,второ по големина на светот. Најголемо е  Братскаја во Русија, со капацитет од 166 илјади милиони кубни метри.

Африка е неверојатно богата со водени сили. Третина од вкупните  можности на водена енергија во светот му припаѓа на црниот континент. Навистина тоа засега е само  на хартија, затоа што уште ни 1% од сето тоа не е искористено. Но,поволните геолошки прилики ја олеснуваат понатамошната изградба. Јужна централна Африка  создава еден огромен сад па оттаму големите реки мораат да го трасираат патот низ големите околни планини. Кањоните богати со засеци,што го направиле реките, се вистинско место за акумулациони корита.

Низ една таква истрасирана пруга, протекува и Замбези некаде околу 200км пониско од Викториините водопади.Кога тој кањон го затвориле после 1955 година ,со 13о метри високо зидана брана,реката се акумулирала во езерото нарецено по кралицата Елизабета Втора. Една централа ја претвора водената маса во електрична енергија. Нејзината изградба чинела пола милијарда евра,а почнала со работа 1960 година и конечно довршена ќе произведува 8 милијарди kWh за индустријата која во Родезија брзо се развива.

Жителите на долината на Замбези на почетокот со недоверба ги гледале градежните работници. Не им верувале на белие инжињиери дека нивните колиби во блиска иднина ќе бидат многу метри над водата. Преку 25.000 црнци од племето Батонга се преселиле (како и огромен број на дивеч) пред водата да поне да расте. Карипската брана во Африка ја сопрела Замбези и создала акумулационо езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi