Карл Кокс на Грин Бич со приватен авион – директно од Ибица

22 јули, 20110
Carl Cox
Една недела пред Green Beach Festival, Охрид се подготвува за настапот на планетарните диџеј ѕвезди Carl Cox и John Digweed.  Плажата Парк за таа прилика ќе биде посебно декорирана, а публиката ја очекуваат уште повеќе изненадувања од минатогодишната журка на првото издание на фестивалот, како и специјално уредениот VIP простор и LED видео шоуто.
На 29 јули Carl Cox ќе пристигне во Охрид со неговиот приватен авион директно по неговиот настап на Ибица, а после роденденската журка на Green Beach, заедно со John Digweed продолжуваат во Англија. Таму на 01 август светот ја очекува премиерата на најновиот албум на диџеј маестрото Carl Cox насловен „All Roads Lead To The Dancefloor“. Албумот е прв после неговата 6 годишната студиска пауза, но долгогодишната работа во неговото студио во Мелбурн резултира со повеќе од 20 внимателно селектирани траки и загарантирани подиумски хитови. Карл Кокс во типично него в стил, повторно настапува револуционерно на денс сцената издавајќи го овој албум за прв пат на најновата и досега невидена УСБ технологија која на неговите фанови им нуди многу повеќе од конвенционалните CD изданија до сега.
Настапите на Карл Кокс и Џон Дигвид во Охрид во организација на Octopussy Entertainment иPassword Production, се единствените нивни настапи во пошиоркиот регион, со што Охрид и плажата Парк добиваат балкански ексклузивитет на светската клабинг сцена. Но восхитот е секогаш поголем кога ексклузивитетот на артистите е обезбеден пред сé со музичкиот квалитет и повторно се потврдува правилото дека вистинските ѕвезди се исклучително приземјени личности со изненадувачка скромност во рај дер барањата. Токму таков е и овој случај на двете светски имиња кои ве очекуваат со целовечерен сет и луда журка до изгрејсонце на плажата Парк во Охрид.
Загревањето за настапот на двете мегаѕвезди е во рацете на домашните диџеи Lephonq, Iceberg, Nikifor, Rezident DJs.
Влезниците за број 1 настанот ова лето до сабота (23 јули) се со промотивна цена од 550 денари, а од недела истите ќе чинат 700 денари сé до самиот настан кога на влезот истите ќе се продаваат со цена од 800 денари. Во продажба се достапни и ограничен број на ВИП влезници за Green Beach Festival кои чинат 1000 денари, како и ВИП пакети од 6000 денари.
Влезниците може да ги набавите на тикет сервисот www.mktickets.mk и на сите официјални продажни места:
Продажните TOBACCO и Together 24/7 и McDonald’s низ Македонија;
Скопје: Розе Веро 2, Камрад Рамстор, Custom Pub, Кафе Круг Аеродром, Кафе Fluid, Tobacco Gogi;
Штип: Током – А;
Охрид: ZZ Top, Кафе Ликвид;
Струга:Албум;
Прилеп: Кафе Сидро;
Битола: Hard Rock;
Струмица: Кафе Inside;
Куманово: Agora, Софт Мак;
Свети Николе: Феникс;
Гевгелија: Кафе Корзо;
Велес: Унисон;
Тетово: Патник – Вокер
Извор: Password.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *