Биографија: Карл Маркс бркал жени или бил Хомер?!:) Чик погоди:)

22 септември, 20110
karl-marx-toenails

Во најновата биографија за Карл Маркс, авторот Мери Гебријел изјавила дека не можела да најде податоци за животната приказна на Карл и Џени.
Сопругата на основачот на комунизмот, која била потомок на пруска и британската аристократија, во деновите на сиромаштија носела визит-карта во која пишувало “Бароница Џени фон Вестфален”.
Тие имале седум деца, но само три доживеале зрели години. Две нивни ќерки извршиле самоубиство поради политички и брачни проблеми.
Соработникот на Маркс, Фридрих Енгелс на погребот на Џени зборувал за нејзината важност.
– Придонесот на оваа жена со критичка интелигенција, со таков политички такт, карактеристична енергија и страст беше огромен, таа жена беше посветена на другарите во нивната борба, – нејзиниот придонес во работата цели 40 години не бил познат на јавноста, изјавил Енгелс.
Џени кога имала 22 година во 1836 година, тајно се верила со тогаш 18-годишниот Карл, кога тој почнал да студира. Во Берлин, тој напишал три книги со поезија за нејзе, потоа 300 страници од филозофија на правото, преводи на грчки и римски текстови.
Кога го надминале противењето на семсјствата за нивното венчање, младоженецот на меден месец земал 45 книги за проучување, по што дошол до заклучок дека религијата е опиум на народот, а дека пролетаријатот е најниска класа во општеството, во сржта на еманципацијата на човекот.
Во книгата се опишува како парот ги молел своите родители да им даваат пари, исто така барале и од пријателите и колегите во текот на следните 25 години, како биле протерани, и како живееле во сиромаштија.
Имотната состојба на Карла и Џени се подобрила по француско-пруската војна 1870 година, кога тој објавил книга за граѓанскиот конфликт во Франција, а излегол и првиот том на “Капитал”.
Под влијание на Маркс и Енгелс, тајното општество во Франција, Лигата на правдата, постепено станало Комунистичка лига со промена на слоганот на “Сите луѓе се браќа” и “Работници од сите земји, обединете се”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi