Карлос Сантана

10 јуни, 20110
carlos-santana-photo_429x322

Карлос Огусто Сантана Алвес (20 јули 1947)е мексиканско-американски гитарист. Има добиено 12 греми награди, се наога на петнаесетото место на најдобрите гитаристи на сите времиња и е еден од пионерите на основањето на т.н. “светска музика”. Сантана станал славен кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години со неговиот бенд т.н. Сантана Блуз Бенд кој негува не само блуз, туку фузија помегу рокот, салсата, џезот и блузот.

Во 1973 година, го формира новиот бенд познат само како “Сантана”, при што е задржан до ден денеска со менување на членовите, освен лид гитаристот самиот Карлос Сантана.

Се до 1990 година Сантана експериментира со различни музички стилови и соработува со различни музичари од целиот свет. Деведесетите се сметаат за мрачен период за музиката на Сантана. Се до крајот на декадата Карлос нема договор со ниедна музичка компанија.

Во 1999 година повторно се врака Клајв Дејвис сега со продуцентската кука Ариста Рекордс, при што потпишуваат договор заедно со Карлос Сантана, резултатот беше “Supernatural”, платиниумскиот албум кој доби дури девет греми награди, со 120 милиони продадени копии.Овој албум се смета за старт на нова музичка ера за Карлос Сантана која се разликува од онаа до 1990 и трае и ден денеска. За овој албум Сантана соработуваше со Еверласт, Роб Томас, Ерик Клептон, Лорин Хил, Дејв Метјуз и многу други. Најпознати нумери од овој албум се Марија Марија и Смут. Во 1999 година, Сантана се појавува и како моден дизајнер на женски чевли. Сантана во 2001 Сантана ја сними песната “Whatever Happens” заедно со Мајкл Џексон. Во 2002 година Сантана излегува со “Shaman” албумот кој се смета за продолжение на Супернатурал. Карлос соработува со P.O.D., Сил, Алекс Бенд, Мишел Бранч, Чад Кругер и др. Во 2005, Сантана ја снима нумерата “Illegal” заедно со Шакира. Го издава албумот “All That I Am”, кој исто така поминува како голем успех, соработува со Стивен Тејлор од Аеросмит, Кирк Хамет од Металика, Шон Пол, Џош Стоун. Во 2007 го издава “Ultimate Santana” албумот при што соработува со Тина Тарнер, Јенифер Лопез, Чад Кругер од Никелбек. Во 2008 го издава “Multidimensional Warrior” албумот кој е спој измегу новата и старата ера на музиката на Карлос Сантана.

http://www.youtube.com/watch?v=f-y2LUh-9AA

http://www.youtube.com/watch?v=LpPb2cVswlI

http://www.youtube.com/watch?v=MXp413NynFk

http://www.youtube.com/watch?v=uJzqOi2Abjc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma