Соединетите Американски Држави учествуваат во прелиминарните разговори со Талибаните за можен крај на децениската војна во Авганистан, изјавил авганистанскиот премиер, Хамид Карзаи.
“Во тек се мировни преговори со Талибаните. Странската војска, особено американската, учествува во овие преговори“, рекол Карзаи во Кабул.
Ова е прва официјална потврда дека во преговорите за крај на војната учествуваат САД, јавува “Ројтерс“.
Американската амбасада во Кабул не сакала да ги коментира овие информации.
Карзаи го изнесе ова соопштение еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја усвои резолуцијата за воведување на одвоени санкции за терористичката организација, Ал Каеда и за Талибаните, што би можело, како што велат експертите, да ги поттикне Талибаните на преговори за мировен договор во Авганистан.
Извор: Нетпрес