Голманот на мадридски Реал, Икер Касиљас, при посетата на Мексико изјавил дека Реал е единствениот клуб за кој навивач и дека за “белите” ‘е подготвен и да умре’.
Првиот чувар на мрежата на шпанската репрезентација престојува во Мексико. Во интервју за “ЕСПН” ги открива своите и клупските амбиции.
“Имаме млад тим чиј прв заб излезе во финалето од кралскиот Куп каде го освоивме трофејот по 18 години.” – изјавил Икер.
“Мурињо допринесе многу за играта на Реал значително да напредува, сега сме многу поагресивни и позрели.” -додал голманот на “галактикосите”.
“Реал Мадрид е единственото чувство кое се пренесува ширум целиот свет, на секој агол од планетата Земја може да се почувствува духот на Реал. Цел живот навивав за Реал Мадрид и тука би сакал и да умрам”. – заклучил Касиљас.