
Танчерот Каспер Смарт тврди дека убавата латино пејачка и актерка Џенифер Лопез е ненаситна во сексот, пренесуваат британските медиуми. 42-годишната Џеј Ло и младиот танчер се запознале на нејзината последна турнеја, и од неодамна почнале да излегуваат.
Смарт е 18 години помлад од својата свежо разведена љубовница, и не ја крие возбудата: “Џеј Ло има убаво и негувано тело и го користи без страв..” Пријателите на Каспер тврдат дека тие се неразделни. Додека извор близок до Џенифер открил дека пејачката супер се забава со својата нова “играчка”, но додава: “. Со оглед на разликата во години, се сомневам дека имаат нешто премногу заедничко”.