Kate Middleton се уште не знае каде на меден месец
19 април, 20110

Ни самата Kate не знае каде ќе го поминат медениот месец со принцот William. Британскиот престолонаследник во тајност го организира нивното брачно патување, а Kate ќе дознае каде оди дури кога ќе тргнат на пат. Нејзината желба била тоа да биде некое место кое ќе им пружи авантура и опуштање. Соопштено е дека тие на свадбено патување ќе заминат следниот ден по венчавката, а како можни дестинации се наведени Кариби, Јужна Америка, Јужна Африка. Парот како понуда за брачно патување ја добиле и Хрватска.