Италијанскиот моден креатор Роберто Кавали овие денови ужива во ексклузивниот хотел “Forca Mare” во Доброта, Црна Гора.
Кавали прв пат доаѓа во Црна Гора, по препорака на Емануел Томасини, главниот креатор на Џузепе Заноти. Според Томасини, на познатиот италијански дизајнер навистина му се „бендисале“ убавините на Бока Которска и црногорското гостопримство.
Откако Кавали пристигна во “Forca Mare”, менџментот на хотелот не престана да се фали. Тие го „прогласија“ хотелот за елитно монденско собиралиште на светскиот џет сет. На крајот на краиштата, имаат и со што да се пофалат. Во овој хотел досега престојувале Бијонси, Џеј Зи, Емануел Ротшилд, Питер Менделсон, Ренди Њумен и многу други светски „фаци“.