Кажете му збогум на првутот!!!

23 октомври, 20110
prvut

Проблемите со првутот се навистина непријатни, особено доколку првутот е видлив. За да се решите од овој проблем еве ви неколку едноставни совети:

Јаболковиот оцет, винскиот оцет, лукот, маслиновото масло, ловоровиот лист се ефективен начин за ослободување од првутот. Постојат многу рецепти кои можете да ги испробате, а на вас останува само да го изберете вистинскиот кој ќе ви одговара.

Во четири дл.  топла вода ставете еден дл.  јаболков оцет и со течноста полека измијте ја косата откако претходно веќе сте ја измиле со шампон. Масирајте го скалпот, па добро исплакнете ја косата. Првутот можете да се обидете да го елиминирате и со вински оцет, а постапката е слична како и за јаболковиот оцет. Масирајте ја главата со оцетот, причекајте неколку минути да се исуши, па измијте ја косата.

Купката против првут од ловоров лист се прави така што во литар вода се ставаат дваесетина истолчени ловорови листови. Поклопете го садот и оставете го да отстои 20 минути, па процедете го и почекајте течноста да се излади. Измијте ја косата со течноста и по еден час исплакнете добро.

Доколку можете да најдете свежи листови од коприва тогаш можете да се обидете и со следниот рецепт. Ставете 100 гр. свежи лисја од коприва во литар вода и додајте четири лажички цвет од камилица. Оставете да отстои два часа, а потоа процедете ја течноста и додајте 300 мл. вински оцет. Со оваа „мешавина“ мијте ја косата еднаш неделно.

Доколку овие рецепти не успеат, обидете се да го измасирате темето со главица лук или нанесете маслиново масло на косата и оставете го да стои половина час.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi