Кејт Мидлтон тргна по стапките на принцезата Дијана!

popara20 септември, 20111min00
kejt dijana

Војвотката од Кембриџ и новата принцеза на Обединетото Кралство, Кејт Мидлтон тргна по стапките на принцезата Дијана. Кејт во изминатиов период тајно посетила неколку добротворни установи кои се грижат за сиромашните и болните лица, потврдуваат од кралката палата.

Кејт всушност тајно ги посетила добротворните организации бидејќи сеуште немала официјално одобрување од кралската палата. Тоа што принцезата сакала да стори е да им помогне на бездомниците, младите луѓе со проблеми и постарите лица. Во наредните неколку месеци Кејт ќе размислува како да воспостави своја сопствена хуманитарна мисија.

Британските медиуми овој потег на Кејт веднаш го споредија со навиките на покојната принцеза Дијана тајно да ги посетува бездомниците заедно со својот син Вилијам. Таа подоцна стана покровител на хуманитарната организација „Centerpoint“.

Принцезата Дијана секогаш се залагаше за борба против ракот, Сидата и нагазните мини. Затоа, според извори на кралкото семејство, принцот Вилијам целосно ја подржува Кејт во своите замисли да им помогне на помалку среќните луѓе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma