Кинезите го забраниле “Талент шоу”, бидејќи содржи премногу демократија

20 септември, 20110
supergirl

Кинескиот Талент шоу, бил забранет за прикажување на националната телевизија, бидејќи на службените лица гласањето им било слично на демократија. Женскиот натпревар за Супер девојка кој е сличен како X фактор, не смеело повеќе да се прикажува, “бидејќи ги прекршиле временските рокови.” Сепак, експертите велат дека шоуто е забрането поради западниот стил на гласање на победници, пишува Daily Mail.
По забтраната националниот канал ќе емитува програми кои ќе промовираат морал и јавната безбедност, како и корисни совети за домаќинствата, изјавиле од кинеската национална телевизија. Џин Јонг, професор на Кинескиот универзитет, изјавил дека натпреварувачите, најверојатно, ја навредиле постарата публика поради начинот на кој се облекуваат. Исто така, вели дека натпреварувачите им давале лош пример на младите луѓе во Кина.

Во 2007 година, кинеската влада наредила во натпреварот во пеење Супер момче да се утврди каква тематика смее да се користи, и нагласиле дека песните кои ќе влезат во финале мора да бидат “етички”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi