Кели Озборн успеала на три места да ја скршила раката откако паднала од креветот. Реалити ѕвездата и ќерка на познатиот рокер Ози ја повредила раката во еден хотел каде што престојувала, и оваа несреќа е една од низата кои и се случиле во последно време. “Веројатно сум најнеспретната глупава личност на светот. Паднав од креветот и се здобив со три фрактури на раката”, напишала Кели на својот Твитер профил.
“Креветот по се изгледа беше висок околу 2 метри, и јас паднав и ја скршив левата рака. Инаку по природа сум левак, па сега ќе мора мојата мајка да ме храни и да ми ја чешла косата. Се чувствувам како да сум бебе. Се разбира, мама ужива во тоа, напишала Кели на својот профил.