Кети Пери и Расел Бренд го поминаа Божиќ…оддвоено :(((

29 декември, 20110
perryT

Американските таблоиди веќе некое време пишуваат за кризата во бракот на Кети Пери и Расел Бренд, а фактот дека пејачката и актерот го поминаа Божиќ илјадници милји далеку еден од друг, само ги разгореа гласините.

Комичарот побрза да ги демантира гласините за разводот, но на многумина им изгледаше сомнително што Кети го помина Божиќ на Хаваи, без прстен на раката.

Бренд пак во истовреме се забавуваше во еден паб во Англија, а потоа отиде на забава кај пријател.

Медиумите најпрво објавија дека тие се заедно на Хаваи, но потоа беше разоткриено дека празниците ги поминаа одделно, поради проблемите во нивниот однос.

Бренд неодамна демантираше дека има проблеми во нивниот брак и за сите гласини изјави дека се лага.

“Рековме дека смртта не не раздели, а јас сум сеуште жив. Покрај тоа, би сакал детето…обожавам деца “, изјави неодамна популарниот комичар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi