Поп ѕвездата Кети Пери убедливо води по бројот на номинации за овогодинешните “MTV Video Music Awards”, која ќе се одржи на 28 август во Лос Анџелес. Меѓу деветте номинации се најде и онаа за спот на годината “Firework”, најдобро поп – видео, најдобри специјални ефекти…
Британската поп дива Адел и раперот Кание Вест имаат по седум номинации. По минатогодишните рекордни 13 номинации и 8 освоени награди, додека Лејди Гага оваа година има само три номинации.
За видео спот на годината, покрај Кети Пери, номинирани се и Адел (“Rolling In The Deep”), The Beastie Boys (“Make Some Noise”), Бруно Марс (“Grenade”) и Tyler The Creator (“Yonkers”).