Кети Прајс во паника да не биде киднапирана! Вакво маче и јас би киднапирал:)))

popara24 ноември, 20111min00
Katie Price Lingerie Launch

Кејти Прај се плаши дека е мета на киднапери, бидејќи на својот автомобил пронашла уред за следење. Уредот бил поставен на подот од надворешната страна на нејзиниот Range Rover, и случајно бил откриен од страна на механичарите кои работеле на автомобилот. Кејти пред 10 месеци била мета на банда киднапери, и сега се плаши повторно да не и се случи нешто слично.

“Добив закани за киднапирање на почетокот на оваа година, сега се прашувам дали двата случаи можеби се поврзани. Кој и да го поставил овој уред на автомобилот, тој точно знаел каде јас престојувам во моментот, можеби ме следеле за да ме киднапираат. Тоа е застрашувачки “, изјавила Кејти. Нејзиниот автомобил последен пат на сервис бил август годинава, но тогаш не било пронајдено ништо сомнително.

Кејти веднаш го пријавила уредот во полиција. “За среќа на него постоел сериски број, што на полицијата и олеснува да пронајде каде е купен, а со тоа може и лесно да се фати лицето кое го купило уредот. Не ми требаше ова, особено по лошата година што ја имав”, изјавила старлетата, која ја засилила безбедноста на својот имот по добивањето на закани за киднапирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma