КФОР ги вперил пушките кон преговарчкиот тим на Србија

popara30 јули, 20111min00
natoled543

Во текот на вечерта се случил мал инцидент на северната граница во Косово помеѓу Aмериканските војници на КФОР и претставниците на Владата на Србија, Министерот за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ, и шефот на преговарачкиот тим на Белград, Борислав Стефановиќ кога се обиделе да ја преминат границата кај Јариње и да влезат во централна Србија.

Шефот на преговарачкиот тим на Белград, Борислав Стефановиќ се упатил пеш кон граничниот премин кога американските војници на КФОР веднаш ги репетирале пушките и го предупредиле со зборовите: “Врати се назад!”.

Стефановиќ однесувањето на американските војници го означил како пострашно од третманот кој постои во Ирак.
“Вакво нешто веројатно и во Ирак не постои, ние не сме непријатели КФОР и државата Србија не стои  зад екстремистите и хулиганите”, изјавил Стефановиќ.
“Ова не им служи на честа на КФОР, особено на американските војници.” изјавил Богдановиќ.
За кратко време војниците на КФОР ги отстраниле барикадите со бодликава жица, и им дозволиле на српските официјални претставници да го преминат  административниот премин Јариње, кој беше затворен во четвртокот и прогласен за забранета воена зона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag