Ким Кардашијан и Крис Хамприс се раведуваат!! Мислеле дека бракот ќе траел вечно:)))

popara1 ноември, 20111min00
Kim Kardashian and new hubby Kris Humphries arrive back at their hotel in New York City

Ким Кардашиан се разведува од Крис Хамприс после само 72 дена во брак. Се шпекулира дека причината поради која старлетата поднела барање за развод е “ненадминливите разлики” помеѓу нив двајца. Веста прв ја објави продуцентот на нејзиното реално шоу Рајан Сикрест на неговиот Твитер профил: “Да, Ким побара развод утринава. Ми се довери на мене. Наскоро ќе имам повеќе информации”. Набрзо после тоа и Ким ја потврди веста и им прати соопштение на медиумите: “После долго размислување одлучив да ставам крај на овој брак. Се надевам дека сите ќе разберат дека ова не беше лесна одлука. Се надевав дека овој брак ќе трае вечно, но понекогаш работите не излегуваат така како што сме ги планирале. Ќе останеме пријатели и си посакуваме се најдобро еден на друг”.

Ја сакам својата сопруга и бев уништен кога дознав дека бара развод

Крис исто така ја раскажа својата страна на приказната според која тој не знаел дека Ким ќе побара развод “Бев потполно посветен на овој брак и на се што тој претставува. Ја сакам својата сопруга и бев уништен кога дознав дека побарала развод. Сакам да направам се што треба како за да успее овој брак” . Најпопуларниот член на Кардашиан кланот наводно го ангажирала еден од најдобрите адвокати за развод, Лаура Васер која што ги има застапнувано Бритни Спирс, Марија Шривер, Анџелина Џоли итн. Иако сестрите се цело време присутни во медиумите, ни една од нив нејќеше да даде изјава во врска со разводот. Ким беше видена на забава пред “Ноќта на вештерките” пред некој ден, но без Крис. Неодамна заедно го прославија нејзиниот роденден на интимна вечера, но сепак дојде крај на нивниот брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma