Ким Кардашијан прошета низ Њујорк под рака со новото момче, кошаркарот Крис Хамфрис. Иако Ким носи високи потпетици, сепак едвај е до рамената на кошаркарот.
Но, висината за неа не претставува никаков проблем. Блиски пријатели на Ким велат дека таа не била вака среќна оддамна. По странските медиуми веќе се зборува за можна свадба. Ким на своите блиски признала дека ќе има свадба која ќе ја засени кралската венчавка. Но, пред тоа Крис треба да се запознае со семејтвото на Ким и да остави добар впечаток затоа што Ким се држи до одлуките на своите блиски.