Ким Катрал во нов филм како порно ѕвезда

30 јули, 20110
kimkatralnovauloga

Кога оваа актерка ја започна својата кариера на 17 години во Холивуд, продуцентите и режисерите и говореле дека неверојатно потсетува на легендата Мерлин Монро.

Но, не по изгледот, туку по недостатокот на актерски талент. Тогаш тоа ја уништувало, но денеска вели: „Беа во право“.

„Бев многу наивна и воопшто не бев гламурозна, со дива коса, искинати џинс фармерки и без шминка. Тогаш сфатив дека за мојата кариера ќе биде исто важен изгледот како и актерските способности, па така почнав да се средувам и дотерувам“, изјавила актерката.

Согодините тоа и се покажа како исплатливо, бидејќи сега има 41, а добила гламурозна улога, улога која и донесе светска слава и богатство, ѕверката за мажи Саманта Џонс во Сексот и градот.

Позади себе има неколку импресивни улоги, а последната и била огромен предизвик. Поточно, Ким во филмот “Meet Monica Velour”, глуми остарена порно ѕвезда која живее во приколка и заработува како струптизета во мал клуб на крајот од градот.

„Долго време размислував за оваа улога, па така сфатив дека несакам да бидам секс икона засекогаш“, изјавила таа за улогата во филмот, која е далеку поразлична од онаа во Сексот и градот.

„Морав да се здебелам 10 килограми и уживав во тоа. Јадев хамбургери, чипс, пудинг… се“, открила Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *