Кина ги заострува прописите за увоз на храна од Јапонија

popara9 април, 20111min00
fresh-fruit-and-vegetables
Кина, од страв од зголемената радијација, ја прошири забраната за увозот на храна и земјоделски производи од 12 области во Јапонија, јавуваат кинеските медиуми.
Кинеската агенција за контрола на квалитетот, вчера го забрани увозот на храна, земјоделски производи и сточна храна од 12 области во Јапонија.
Претходната забрана за увоз, воведена на 24. Март се однесуваше на пет јапонски области.
Кинеските инспектори добиле налог да ја испитуваат радиоактивноста во храната, земјоделските производи и сточната храна и да издаваат одобрение за увоз на сите производи од Јапонија што ги исполнуваат стандардите, а оние производи што не ги исполнуваат стандардите нема да можат да влезат на кинескиот пазар.
Североисточниот дел на Јапонија на 11 март го погоди силен земјотрес, по кој следуваше цунами, што доведоа до оштетување на нуклеарната централа “Фукушима“, а радиоактивноста се прошири во водата и земјиштетото.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag