Баросо и Филе во посета на Македонија

9 април, 20110
EU Commission President Barroso poses with Macedonia's PM Gruevski in Brussels
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Штефан Филе денеска ќе ја посетат  Македонија, при што ќе остварат средби со македонскиот државен врв.
Баросо заедно со претседателот Ѓорге Иванов ќе одржат предавање на тема “На патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“.
Како што најави кабинетот на претседателот на Владата, Баросо и премиерот Никола Груевски ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарна средба на делегациите на Република Македонија и на Европската комисија.
Меѓу пораките кои во Охрид лично ќе ги пренесат Баросо и Филе, а беа посочени и во Стразбур, е потребата за одржување на регуларни, транспарентни и слободни избори во Македонија во согласност со меѓународните норми, како и за поголема одговорност на сите политички партии, кои во регионот имаат тенденција кога се во опозиција да ја бојкотираат работата на парламентот.
Најавени се и средби на Баросо со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.
Со посетата на Македонија Баросо и Филе ја завршуваат нивната балканска турнеја, во рамки на која ги посетија и Хрватска и Албанија.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi