Кинез кој го ризикувал животот за да си го спаси автомобилот
18 февруари, 20110
![news_5749](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/02/news_5749-610x269.gif)
Кинезот Лин Фу, доживеал сообраќајна несреќа при што излетал од мостот со автомобилот и завршил во вода. После еден час поминат во вода со автомобилот, го спасиле пожарникарите.
Но, бидејќи тој не сакал да се одвои од својот лимен миленик, знаејќи дека ако излезе и ако го остави ќе го загуби, настојувал да го извлечат и неговиот автомобил. Одбил да излезе од водата се додека не го извлечат и возилото. На крајот и неговиот автомобил бил извлечен со помош на дигалка.