Кинези испратиле семе во вселената, им се вратиле џиновски домати и краставици! :)

popara25 октомври, 20111min00
107578

Вселенско земојделство со џиновски зеленчук?!

Да, да и ова е вистина. Кинески научници испратиле во вселената семиња, а на Земјата им се вратиле оргомни краставици и домати.

Група научници од Пекинг создале нешто необично. Тие во вселената испратиле семиња, каде космичката радијација им ги променила гените, па на Земјата се вратиле како џиновски зеленчуци. Џиновските краставици и домати, заедно со брзорастечкиот сусам, памук, но и лотосови цвекиња и хризантеми, биле произведени со ваква техника.

Вселенското земјоделство може да биде вистинска конкуренција на генетската модификација, која е поскапа, а според мислењето на експертите и штетна за човековото здравје.

Резултатите од кинеските научници покажале дека вслеенското земјоделство повеќе не е сон, туку реалност.

„Во вселената семињата е изложена на космичко зрачење, па поради тоа се јавуаат мутации. Повеќето од нив се штетни, но некои се и корисни и може да овозможат подобро одгледување на некои култури“, објаснил Ли Чангџи, професор на универзитетот Бејханг.

Тој додал дека семето се исраќа со сателит и со него се враќа назад на Земјата. Научниците го пофалиле вселенскиот домат, кој има 13% повеќе шеќер, како портокалот. Додека најголемиот пример за вселенската краставица бил тежок 1,5 килограми.

Сепак, западните медиуми, предупредиле дека кинезите не треба да се сфатат сериозно, бидејќи не објавиле докази за одгледувањето на џиновскиот зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag