Кинезите шпионирале во Русија! Замислете храброст :)

6 октомври, 20110
Protivraketen sistem S-300

Службата на руската државна безбедност објавила дека уапсила кинески шпион кој се обидувал да дојде до информации за напредниот руски систем за противракетна заштита S-300, пренесуваат руските медиуми.

„Кинескиот државјанин, кој работел како преведувач во официјална делегација, се обидел преку руски државјани на кои им ветил парична награда, да дојде до документите за системот S-300 кој претставува висока државна тајна“, се навeдува во соопштението од службата за државна безбедност.

Наводно, шпионот е приведен на 28 октомври 2010 година во Москва, а руската служба дури вчера ги објавила информациите. Истиот извор изјавил дека истрагата за случајот за шпионажа е предаден на судот на Москва на 4 октомври 2011 година.

Ракетниот систем S-300 личи на американската ракета „патриот“ која е многу напредна техника за против воздушна одбрана способна да уништи борбени авиони и ракети.

Системот развиен во текот на 80-тите, може да уништи проектили и сруши авиони на далечина од 150 километри и на висина од 27 километри.

Русија во април 2010 година му испорача на Пекинг 15 артилериски батерии од кои секоја содржи по четри проектили S-300. Тој систем за противракетна заштита веќе го имаат купено некои земји меѓу кои Словачка, Виетнам и Кипар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi