По првите средби со обожавателките, продолжуваме да чекориме по чудните патиштата на групата Ролинг Стоунс и Кит Ричардс во неговата автобиографија “Живот”.
Страв од тинејџерки
“Насилството од тинејџерките на возраст од 13, 14 и 15 години, кога се заедно во група, насекаде ме следеше. За малку ќе ме утепаа. Никогаш толку многу не сум се плашел за својот живот. Тинејџерките кои ме давеа и ми ја соблекуваа облеката, тешко може да се опише со зборови, и колку тоа може да биде застрашувачки. Подобро е да се најдеш во ров на бојното поле, во борба против непријателот, отколку да се соочиш со незапирлив бран од убијци од страст и желба”, опишува Кит Ричардс во својата автобиографија – “Живот”.
Во Мидлзборо обожавателките на Кит речиси го чинеа глава. “Се обидов да влезам во автомобилот и таму почнаа да ме влечат на сите страни. Проблемот е што кога ќе ве фатат, тие не знаат што да прават со тебе. Бев скоро удавен со ѓердан, едната го фати едниот крај, а другата другиот, и викаа: “Кит, Кит”, додека ме гушеа … следното нешто што се сеќавам е дека се разбудив во близина на влезот на сцената во запуштена улица, затоа што полицајците наводно ја растерале толпата подалеку од мене. Јас сум се онесвестил од гушењето, навалија на мене од сите страни.
Борба за Чарли Вотс
Клучното лице во Ролинг Стоунс според Кит Ричардс, не е Мик Џегер, туку тапанарот Чарли Вотс, кој се приклучил на бендот по првиот нивен успех. “За мене, Чарли Вотс е тајната состојка на бендот. И за тоа беше заслужен Иан Стјуарт, кој изјавил – “Ние мора да го добиеме Чарли Вотс” . Сите гладувавме за да собереме пари за да го платиме Вотс! Буквално. Крадевме по продавници за да се скрпиме. Си ги намаливме оброците, толку го сакавме, човече. “