Ќе го криев Ратко уште 5 години, да не запнеше да си ги види внучињата!!! Младиќ го криел Младиќ..Оп..затвооор:)

6 август, 20111
brane

Младиќ се појави една ноќ пред пет години. И ме праша: “Знаеш ли кој сум јас?” Тој веќе беше многу пропаднат. Но, како да не го знам. Го препознав по гласот, и го пуштив во мојот дом. Кој не би пуштил брат во куќа? Изјавил за Вечерње новости Бранислав Младиќ, братучед на Ратко Младиќ, во чија куќа кон крајот на мај беше уапсен најбараниот бегалец на Балканот. Тој на новинарите не им дозволил да влезат и да сликаат во куќата. Бранислав додал дека не постоела никаква мрежа која го криела Младиќ, надоврзувајќи се на неодамнешните изјави на Хашкиот обвинител Серж Брамерц.
– Јас сум целата таа мрежа! Не е тешко да ме пронајдат. Подалеку од моето село не одам. Можат да ме уапсат кога сакаат. Ќе се занимавам со земјоделство во затворската фарма. Само нека задолжат некој да ми ја чува стоката, изјавил Бранислав. Тој на прашањето поставено од полицијата, дали имале многу финансиски средства за криење Младиќ, одговорил: “Доколку имавме пари, никогаш нема да можевте да го фатите”.

– Јадевме она што имавме, и тој помина многу години како затвореник во својата собата. Само во раните утрински часови ќе дојдеше заедно да пиеме кафе, до вечерта повторно не се гледавме. Со текот на времето неговата здравствена состојба се влошуваше, забите почнаа да му паѓаат, имаше мозочен удар тука во бањата, три дена се бореше за живот, изјавил Бранислав.

” Бранислав тврди дека по долго инсистирање од страна на Младиќ, одлучил да му ги донесе неговите внуци да може да ги види од прозорецот.

– Во селото се уште не веруваат дека Младиќ го криев пет години, но јас ќе го криев уште пет, доколку не побара да ги види своите внуци, изјавил Бранислав Младиќ.

One comment

  • ..........................

    6 август, 2011 at 11:23

    CAR!!!!!!!!!!Kakov zatvor,covekov,treba da se nagradi

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi