Актерот Џеф Бриџис најави дека наскоро ќе го објави својот дебитантски музички албум.
За снимањето на албумот, Бриџис го инспирирала неговата улога во филмот “Crazy Hart”, во кој глуми легенда на кантри музиката.
Неговите песни се напишани од страна на најпознатите автори во светот, како Џон Гудвин, Грег Браун и Бо Ремиза.
Неговиот албум “Џеф Бриџис” ќе излезе во продажба на 5 септември.