Жителите на селото Лазарево, каде што беше уапсен Хашкиот бегалец Ратко Младиќ, вознемирено од одлуката на српските власти. Повеќето од селаните кога би знаеле, со сигурност тврдат дека би го бранеле до последен. Чест било за нив таков “србин” да престојува во нивното село. Имајаќи во предвид дека и самото село е формирано од бегалци од Босанска Романија после втората светска војна, каде ги изгубиле своите домови во битките со усташките и муслиманските прохитлерови сили, селаните од Лазарево, покренаа иницијатива за промена на името на нивното село во Младичево или Ратково како втор предлог.
Србија целосно е поделена во мислењето,дали Младиќ требало или не, да биде предаден на Хашкиот трибунал. Едни веќе опеваат песни за “големиот херој” а други напротив: ја чекаат наградата од ЕУ за Србија. Најгласни подржувачи на Младиќ се: Бора Чорба, ех фудбалерите Душан Савиќ и Владимир Петровиќ-Пижон, певаљката Зорица Марковиќ, како и многу други познати ликови од српската јавност. Ние прашуваме: дали е воопшто потребен толкав публицитет? Директни преноси од читање оптужници? Каде ние и со кого живееме на Балканот?!