Ќе падне Германски сателит на Земјата, само не се знае каде! :)

popara23 октомври, 20111min00
planeta-zemlja1-498

Германскиот саелит “Росат” влезе во атмосферата и се очекува делови од сателитот да ја погодат Земјата, иако не е познато каде и кога, беше објавено денеска од германскиот центар за истражување на вселената.

Портпаролот на центарот Андреас Шуц рече дека досега нема индикации над кој континент или над кои земји се наоѓа научно-истражувачкиот сателит “Росат” и моментално се вршат набљудувања во светот, јавува АП.

Поголемиот дел од сателитот со големина на камион, се очекува да бидат спалени за време на влегувањето во атмосферата, но најмногу до 30 делови  со вкупна маса од 1.87 тони може да ја погодат Земјата со брзина од 450 километри на час.

Најголемиот дел од сателитот кој може да ја погоди Земјата е огледалото на телескопот кое е отпорно на топлина.

Научно истражувачкиот сателит “Росат” беше лансиран во 1990 година. и исклучен е од употреба во 1999 година. беше користен за изучување на црните дупки и неутронските ѕвезди, како испитувања  на извори на Х-зраци кои биле снимани со телескоп.

httpv://www.youtube.com/watch?v=5ShtXr5VfVU

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag