Компанијата “Џосефсон Ентертеинтмент“, која стои зад серијата “Коски“, одлучила да започне со снимање на филм за основачот на “Викиликс“ Џулијан Асанж. Компанијата одлучила овој филм за Асанж да се темели на неговата биографија “Најопасниот човек на светот“. Книгата за Асанж ја напиша австралискиот новинар Ендру Фовлер и наскоро би требало да биде објавена. Асанж го основа “Викиликс“ во 2006 година и се прослави како борец за откривање тајни, но многу го сметаат и како опасност за националната безбедност на многу држави. Асанж во 2010 година беше обвинет и за сексуална злоупотреба на две Швеѓанки. Тој тврди дека не бил виновен.
Извор: Нетпрес