Викиликс: Иран произведува атомска бомба со поддршка на Кина

23 јануари, 20110
wikileaks-3

Според новите документи објавени на сајтот “Викиликс”, Иран забрзано работи на производство на атомска бомба со поддршка на Кина. Како што се наведува во документот, иранската влада систематски ја избегнува санкцијата за да ја унапреди својата нуклеарна програма, пишува весникот “Велт ам зонтаг”, повикувајќи се на депешеата. Американското министерство за надворешни работи изразило загриженост поради тоа што кинеските државници добивале информации за понатамошното ширење на ракетните техники, а притоа немало речиси никакви повратни информации од Пекинг во однос на ситуацијата поврзана со истрагата или можните понатамошни чекори. Претседателот Махмуд Ахмадинеџад вложува напори атомската бомба да биде што побрзо направена, пред неговата земја да доживее економски колапс, се наведувало во тајниот дипломатски документ.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma