Студиото “Универзал” ќе снима филм, драма, за убиството на Мартин Лутер Кинг. Филмот ќе биде во режија на Пол Гринграс, режисерот кој зад себе ги има оставено делата “Борновата надмоќ” и “Борновиот ултиматум”, а исто така и филмот “Let United 93” за кој имаше номинација на Оскар.
Продуцент на филмот е Скот Рудин, кој годинава има две номинации за Оскар и тоа за “Друштвена мрежа” и “Човекот наречен Храброст”. Со оглед на добрата екипа, не се сомневаме за тоа како ќе изгледа финалниот производ.
Филмот најверојатно ќе почне да се снима во јуни.