Ќе шетаме голи!!! Путин за претседател!!!

18 јули, 20110
1221176

На интернет започнала една необична кампања каде младите жени се повикуваат да ја соблечат облеката од себе во знак на поддршка на премиерот на Русија, Владмир Путин на претседателските избори следната година.

Кампањата под името “Војската на Путин“ прикажува видео снимка на една студентка русокоса наречена Дијана, која шета низ московските улици во високи потпетици и црн костум, а потоа со црвен кармин напишала, “Ќе ја соблечам гардеробата за Путин“ и почнува да се соблекува.

Ројтерс наведува дека повикот на девојките и овие гестови може да ја зголемат шансата за победа на Путин на претседателските избори, закаѓани за март наредната година.

Путин беше претседател на Русија измеѓу 2000 и 2008 година, а на негово место дојде Медведев.

За време на советската ера, соблекувањето во кампањи беше табу тема, но сега тоа е вообичаена пракса, против која се борат руските феминистки.

За сега не се знае кој ја покренал оваа кампања, поставена на блогот на пратеникот Кирил Шитов од партијата на Путин.

Во октомври минатата година, група студенти по новинарство позиараа во долен веш за календарот кој се испечати по повод 58 роденден на Путин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi