Класичен луксуз

17 јуни, 20110
stjohn-cruise-2012-6

St. John Restosrt колекцијата за 2012 година е едноставна и класична. Парчињата гардероба пристигнуваат во едноставна, но благородна форма. Боите не се светли, но покажуваат луксуз кој сите се стремат да го прикажат  во облеката од високата мода.

Само погледнете ја нашата галерија и ќе видите голем број на лесни и минималистички комбинации на облека, вклучувајќи и широки класични панталони,строги и секси блузи и скромни, но елегантни фустани. Исто така погледнете ги раскошните вечерни фустани, кои имаат интересен дизајн.

Вреди да се спомене дека количината на модни додатоци во оваа колекција е многу ограничена. Модните додатоци се необични, ги сочинуваат едноставни ремени, неколку торби и само две ланчиња. Чевлите исто така се исти и монотони, бидејќи се изработени во две бои кои не привлекуваат внимание, а тоа се бојата на кожа и неизбежната црна боја.

Колекцијата е многу класична, погодна за носењеи разноврсна, што значи дека може да се носи во многу прилики. Секое парче гардероба е одлично дизајнирано и секоја жена треба да го има во нејзиниот плакар.

Доволна ви е облеката од овие слики за да имате безброј комбинации секојдневни комбинации. Покрај тоа парчињата од оваа колекција никогаш нема да излезат од мода, поради класичниот дизајн и едноставните линии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi