Кога пукна “тиквата” помеѓу Џеј Ло и Марк Ентони?

17 јули, 20110
jeniffer lopez and mark

За проблемите во бракот на најубавата жена Џеј Ло и нејзиниот сопруг пејачот Марк Ентони се зборува уште оддмна. Но, тие секогаш ги демантираа таквите гласини.

Сепак на крајот сите тие гласини се поставија како вистинити. На 9-ти јули на гала вечерта на BAFTA Џенифер го привлече вниманието на сите новинари. Не само заради преубавиот изглед, туку и затоа што пристигна без својот сопруг. Таа на манифестацијата пристигнала со нејзината мајка.

Само неколку дена потоа тие излегоа пред јавноста со големата одлука дека дефинитивно се разведуваат!

Тие не се видени заедно уште од почетокот на јуни, од кога Џенифер замина со децата на патување низ Европа и потоа во Дизниленд.

Се започна во јуни 2004 година кога тие тајно се венчаа во домот на Џеј Ло во Беверли Хилс. До тогаш не сакаа да ја покажат својата врска јавно, бидејќи и Марк беше во брак со претходната сопруга, а и Џеј Ло беше во брак со Бен Афлек.

Тие имаа прекрасен брак, а го крунисаа со двете близначиња кои ги добија во фебруари 2008 година.

Проблемите за нивниот брак се пишуваа на неколку наврати. Најпрво проблем беше тоа што Џенифер беше премногу ангажирана околку промоцијата на нејзиниот албум и ангажманите околу американскиот идол. На сето тоа префрлаше нејзиниот сопруг, кога се пишуваше дека не и одговарал на повиците и бегал што подалеку од неа. Во тој период тој ги закажа неговите светски турнеи.

Краток период по тоа тие се појавија заедно на финалето на американксиот идол, со заедничка изведба. На манифестацијата изгледаа многу вљубено.

Потоа на 7-ми јуни, два дена пред објавувањето на веста дека тие повеќе не се заедно беа забележани првите знаци на проблемот.

На гала вечерта за Samsung Hope for Children во Њујорк, беа направени неколку фотографии на кои Џенифер ја немаше вообичаената насмевка.

Ова лето Ентони е зафатен со снимањата на драмата HawthoRne, каде тој ја има улогата на полициски детектив.

Џенифер пак останува ова лето со нејзините две деца.

Дали многуте работни ангажмани се причината за нивниот развод?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi