Италија и Луксембруг се двете водечки европски земји со најмногу автомобили по глава на жител, утврдило истражување , кое го спровело австрискиот автомобилски сојуз.
Во овие две земји има по 610 автомобили на 1.000 жители.
Веднаш зад нив се островските земји Кипар, со 580 возила на 1.000 жители, и Малта со 575 автомобили на 1.000 жители. Се претпоставува дека во овие две држави, бројот на возила е висок бидејќи железничкиот транспорт не е сериозна алтернатива за превоз.
Најмалку има Романија, каде на 1.000 лица се регистрирани 210 автомобили.
Во Австрија, во последните 15 години, растот на бројот на автомобили бил за четири пати поголем од оној на населението. Тоа се должи најмногу на преселбата на луѓето од градовите во приградските комплекси, каде нема јавен транспорт, што налага семејствата да поседувааат по два, па дури и по три автомобили.
Интересен момент е дека зголемувањето на благосостојбата во одредена држава, не води кон автоматско зголемување на бројот на возила. Пример за тоа е Данска, каде на 1.000 жители има едвај 385 автомобили. Слична е ситуацијата и во Шведска, каде на 1.000 жители се регистрирани 462 автомобили, како и во Холандија, со 463 автомобили.
Извор: Нетпрес