Мекејн: Ќе продолжам да ја поддржувам Македонија

24 јуни, 20110
mccain

Поранешниот претседателски кандидат, републиканскиот сенатор Џон Мекејн се закити со македонско признание.  Ја доби Меѓународната награда на слободата на Обединетата македонска дијаспора, што годинава ќе им биде врачена и на сенаторот – демократ Френк Лутенберг од Њу Џерси и независниот сенатор Џозеф Либерман од Конектикат, а постхумно и на поранешниот државен секретар Лоренс Игелбергер.

Наградата е поттик за натамошна работа на билатералните односи, изјави Мекејн за Гласот на Америка на македонски по доделувањето.

“Значи многу да се добие меѓународна награда за слобода, бидејќи доаѓа од луѓе кои иако ја напуштиле својата земја за да дојдат во САД и други земји ширум светот, и натаму се определени за независноста и слободата на Македонија, земјата која, како што знаеме, се има соочено со предизвици.  Нивната поддршка за мене е мотивација да продолжам да ја поддржувам Македонија“, рече Мекејн.

Сенаторот ги опиша американско – македонските како добри, а биле одлични кога, како што кажа, поранешниот американски претседател Џорџ Буш пројавил личен интерес за земјата.

Мекејн ја истакна заложбата на македонската армија во меѓународната мисија во Авганистан.

“Благодарни сме заради фактот што македонската армија ни помага во Авганистан и благодарни сме на македонскиот народ за пожртвуваноста на младите војници.  Сметам дека односите меѓу обете земји ќе останат добри, па дури и ќе се подобрат“, кажа пратеникот од Аризона.

Во однос на спорот меѓу Македонија и Грција околу името, сенаторот Мекејн е оптимист:  “Се надевам дека прашањето може да се реши.  Грција во моментов се справува со огромни предизвици и сметам дека во таква ситуација, добрите односи со Македонија веројатно само ќе бидат од нејзин интерес“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi