Кои гости се поканети на кралската свадба во Монако?

popara30 јуни, 20111min00
Royal+wedding+guests+high+fashion+WjDua0iJY2yl
Списокот на гости на свадбата на кнезот Албер Втори и Шарлин Витсток го одразува и местото на династијата Грималди меѓу европските кралски семејства, но и интересот на младоженците кон спортот, модата и животната средина, пишува АФП, пренесува Нетпрес.
Официјално се поканети сите лидери на држави, во кои кнезот Албер Втори бил во официјална посета од преземањето на престолот во 2005 година, како и лидерите на држави поврзани со неговото семејство (САД, Ирска, ЈАР). Меѓу поканетите е и претседателот на Ирска, Мери Макалис. Американскиот претседател Барак Обама нема да присуствува на свадбата, ниту пак претседателот на ЈАР, Џејкоб Зума.
Своето присуство го потврдиле францускиот претседател, Никола Саркози, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, германскиот претседател Кристијан Вулф, литванскиот претседател Мишел Слејман, како и естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес.
Исто така, ќе има и повеќе кралски семејства. Се очекуваат кралевите на Белгија и Шведска, престолонаследниците на Данска, Холандија, Шпанија, како и грофот и графицата на Весекс од Англија, претставници на Савојската династија, емирот на Катар…
Од светот на бизнисот, присутен ќе биде Бернар Арно, сопственик на групацијата ЛВМХ, која се занимава со модната индустрија. Бренодт “Луи Витон“ е токму на оваа компанија.
Бидејќи Албер Втори дава големо значење на животната средина и екологијата, поканет е дури и швајцарскиот пилот Бертран Пикар, сопственик на летало на сончев погон, кое го крстил токму првиот човек на Монако. Не се изоставени ниту претставници на спорот. Поканет е првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рох, како и Жан Тод, претседателот на Меѓународната федерација за автомобилизам и некогашен прв човек на тимот на “ферари“ во Формула 1.
На свадбата ќе присуствуваат и модниот дизајнер Карл Лагерфилд, кој е сопственикн а лукксузна куќа во Монте Карло, потоа манекенката Наоми Кембел, како и модната дизајнерка Инес де ла Фресанж.
Извор: Нетпресс

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag