Истражувањата покажаа дека 24% од светската популација која е сексуално активна би се сложила на секс за една ноќ, додека 16% веќе го сториле тоа. Иако за некои луќе сексот за една ноќ е скриена фантазија, ваквото искуство доаќа со многу ризици. На што треба да внимавате доколку се решите да имате секс за една ноќ?
Депресија: Истражувањата покажаа дека сексот за една ноќ носи само моментално чувство на задоволство, а по самото искуство влијае врз зголемување на депресијата кај луѓето.
Кондом: Секс за една ноќ без кондом е многу лоша идеја. Доколку решите да имате секс за една ноќ, употребата на кондом е од суштинско значење за вашето здравје. Кондомот ќе ве заштити од сексуално преносливи болести и несакана бременост.
Личност „Х“: Секс за една ноќ со непознати е навистина опасна работа. Внимавајте со кого заминувате некаде за да имате секс, можеби станува збор за некој перверзен манијак кој ќе го стави вашиот живот во опасност.
Самодоверба: Според истражуваата 74% од луѓето кои имале секс за една ноќ изјавиле дека тоа искуство негативно влијаело врз нивната самодоверба.
Неверство: Луѓето кои се согласуваат на секс за една вечер имаат проблеми со довербата. Повеќето од нив би се впуштиле во неверство и кога би имале сериозна врска.